Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ поднесе илјадници амадмани за Законот за јазиците


Архивска фотографија-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пратеничката група

Повеќе од 20 000 амадмани поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците, велат за РСЕ извори од партијата.Рокот за поднесување амандмани истече денеска во 16 часот.

Законот за употреба на јазиците е ставен на дневен ред на собраниската седница в понеделник како прва точка. За тогаш е најавено и враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, откако пратениците одлучија да го бојкотираат поради приведувањата поврзани со 27 април. Според опозициската партија тие се враќаат во работата на парламентот за со амандмани да се обидат да го превенираат донесувањето на, како што велат, неуставниот закон за јазиците.

Законот за употреба на јазиците беше донесен на 11 јануари од парламентарното мнозинство во отсуство на опозицијата. Претседателот на државата Ѓорге Иванов не го потпиша указот за негово прогласување и го врати назад во Собранието со забелешки на текстот на законот. Тој оцени дека со овој закон се воведува многу скап паралелизам во сите органи на државната власт што води кон нивна целосна блокада и нефункционалност и оти во услови на блокада постои опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загрозување на унитарноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG