Достапни линкови

Московското кино ги откажа проекциите на "Смртта на Сталин"


Москва-полицајци и други лица во цивилна облека во киното кое го емитуваше забранетиот филм за смртта на Сталин,26.01.2018

Московското кино кое го емитуваше сатиричниот филм за смртта на советскиот диктатор Јосиф Сталин, иако тој беше официјално забранет, објави дека ќе престане со проекциите по полициската рација.

Поради причини кои не се под наша контрола киното Пионер го откажува прикаживањето на филмот Смртта на Сталин од 27 јануари, соопшти киното на својата интернет страница доцна вчера.

Руското министерство за култура на 23 јануари соопшти дека нема да дозволи емитување на црната комедија на шкотскиот писател и режисер Армандо Ланучи во руските кино сали откако истакнати јавни личности го критикуваа филмот нарекувајќи го исмејување на руската историја.

Пионер ја игнорираше одлуката и почна со емитување на филмот од 25 јануари. Прикажување на нелиценциран филм во Русија се казнува со околу 1800 долари казна, а второ прекршување може да доведе до затворање на киното.

Вчера шест полицајци, придружувани со мажи во цивилна облека биле во киното по пладневното прикажување на филмот и во еден период ги држеле зад затворени врати вработените во киното.

XS
SM
MD
LG