Достапни линкови

Голем напад со автомобил бомба во Кабул


Кабул-итна медицинска помош, 27.01.2017

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 40 луѓе загинале, а околу 140 се повредени во големиот самоубиствен напад со автомобил бомба во централниот дел на главниот град Кабул. Полицијата соопшти дека нападот се случил денеска рано претпладне на плоштадот Садарат, во близина на владини згради, странски амбасади и продавници.

Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид, рече дека милитатната група стоела зад нападот. Според министерството за внатрешни работи напаѓачот користел пропусницата од брза помош за да ги помине контролните пунктови.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа голем чад на местото на настанот, а очевидци велат дека зградите што се наоѓаат стотинa метри од нападот се оштетени од екслозијата. Нападот се случува една недела по инцидентот во хотелот Интерконтинентал во кој загинаа 25 луѓе.

XS
SM
MD
LG