Достапни линкови

Завршува гласањето на претседателските избори во Чешка


Архивска фотграфија-кандидатите Јиржи Драгош и Милош Земан на телевизиско соочување пред претседателските избори

Попладнево завршува гласањето на вториот ден од чешките претседателски избори на кои за функцијата шеф на државата се натпреваруваат актуелниот претседател Милош Земан и проевропски ориентираниот академик Јиржи Драгош.

Гласачките места ќе бидат затворени во 14 часот денеска, а конечните резултати се очекува да се знаат околу 16 часот. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека трката e речиси изедначена, односно за Земан би гласале 45,5 отсто од испитаниите, за Драгош 45 отсто, а десет проценти рекле дека не знаат за кого ќе гласаат.

73 годишниот Земан е на на функцијата претседател од 2013 година. Тој има анти имигрантски ставови и ги затопли односите со рускиот претседател Владимир Путин. Земан исто така се залага за поблиски односи со Кина. 68-годишниот Драгош, пак, е поранешен шеф на Чешката академија за науки и се смета за проевропски либерал. Тој е нов во политика и не доаѓа од ниту една политичка партија, а вели дека е загрижен за порастот на екстремизмот и популизмот.

XS
SM
MD
LG