Достапни линкови

Вашингтон загрижен за воениот договор меѓу Русија и Јужна Осетија


Границата меѓу Грузија и Јужна Осетија

Соединетите Американски Држави го осудија договорот меѓу Русија и лидерите на Јужна Осетија, отцепениот регион од Грузија, за заеднички воени сила. Американскиот Стејт департмент денеска објави дека договорот, кој Русија го ратификуваше еден ден претходно, не е валиден. Вашингтон не го признава договорот, кој не претставува валиден меѓународен договор, се вели во соопштението.

Русија ги поддржува сепаратистичките региони Јужна Осетија и Абхазија, кои прогласија независност од Грузија. Русија ги призна регионите како независни држави по кратката војна со Грузија во август 2008 година, но само неколку земји ја следеа Русија и ја признаа независноста на регионите. Русија соопшти дека договорот дозволува формирање на „заеднички одбранбен простор“ со отцепениот регион.


XS
SM
MD
LG