Достапни линкови

Обвинителство - Села не го убиле, оти мислеле дека е веќе мртов


Зијадин Села

Пратеникот Зијадин Села не бил убиен, единствено затоа што не давал значи на живот, рече јавниот обвинител на почетокот на судскиот процес против напаѓачите на Села. Како што рече, нападите и удирањето не преминале во екстрем, не затоа што сторителите се колебале, туку затоа што Села не давал значи на живот и сите мислеле дека е мртов. Сите повреди му се нанаесени на главата, а најмалку две од нив биле живото загрозувачи, рече обвинителот во воведното излагање.

Денеска почна судењето на десет луѓе обвинети за убиство во обид на Села, за време на насилствата во Собранието на 27 април минатата година.

На рочиштето присуствува сите обвинети, но ни и Села, кој беше застапуван од адвокат. Сите обвинети се изјаснија дека не се виновни. Но обвинителот вели дека има докази, снимки и фотографии кои сведочат како се одвивало делото. Следното судење е закажано за 8 февруари.

XS
SM
MD
LG