Достапни линкови

За СДСМ законот за јазици е уставен и ја унапредува употребата на сите јазици


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието, на прес- конференција пред Собранието.

Од СДСМ велат дека Законот за јазици не е во спротивност на Уставот и ја унапредува употребата на сите јазици.

„Со ништо не се доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, а употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на територија на Република Македонија, во нејзините меѓународни односи, одбраната, монетарната политика и централната полиција“, стои во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ претходно поднесе 70 амандмани за Законот за употреба на јазиците.

Од СДСМ велат дека од ВМРО-ДПМНЕ докажале дека не се заинтересирани за потребите на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците, но наместо тоа опозициската партија одбра да не учествува по сопствен избор“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG