Достапни линкови

Трамп од Давос - САД отворени за бизнис


Американскиот претседателот Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Соединетите Американски Држави закрепнуваат и се отворени за бизнис им порача американскиот претседателот Доналд Трамп на светските политички и бизнис лидери на Светскиот економски форум во Давос.

„Никогаш немало подобро време за вработување, подобро време да се изгради нешто, да се инвестира, да се развива во САД“, рече Трамп.

Во говорот рече дека трговијата мора да биде фер и реципрочна и дека Вашингтон ќе спроведе трговски правила. Трамп вели дека неговата земја е подготвена да биде партнер во изградба на подобар свет, но дека првенствено ќе ги представува интересите на американскиот народ.

„Америка секогаш ќе биде на прво место. Но Америка на прво место, не значи Америка сама“, рече американскиот претседател.

Осврнувајќи се на геополитичките прашања, Трамп рече дека САД ќе продолжат да ги повикуваат партнерите да го блокираат патот на Иран кон развој или набавка на нуклеарно оружје.

Рече дека САД се залагаат Авганистан никогаш повторно да не биде рај за терористите. Трамп рече и дека борбата против екстремистичката група Исламска држава не е завршена.

Русија има моќ како извозник на нафта и гас, рече Трамп, но никој не треба да зависи од една земја за енергија, додаде тој.

Американскиот претседател повторно ги повика сојузниците да инвестираат во сопствената одбрана и да ги исполнат своите обврски кон НАТО.

XS
SM
MD
LG