Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ досега поднесе 70 амандмани за Законот за јазици


Архива: Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ досега поднела 70 амандмани за Законот за унапредување на употребата на албанскиот јазик, а колкав ќе биде вкупниот број ќе зависи од одговорот на владејачкото мнозинство за барањата на опозицијата за повлекување на текстот и за дијалог, изјави пратеникот Влатко Ѓорчев.

Тој на прес-конференција во Собранието рече дека се подготвени да разговараат за законот кој сметаат дека треба да биде донесен со консензус, велејќи оти смета дека законот треба да биде подготвен преку дијалог што ќе значи унапредување не само на правата на албанскиот јазик, туку и на помалите заедници и истовремено ќе биде согласно Уставот.

„Да се формираат работни групи, да се консултира експертската јавност, да се видат меѓународните искуства. Ние сме подготвени да дискутираме за зголемен опфат и употреба на јазиците во Република Македонија, истовремено не сакаме да се носат решенија што се набрзина подготвени“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека не е добро во име на формирање на некоја коалиција во кус рок да се прават закони што се лоши, недоречени и кои огромен број луѓе не знаат како да ги применуваат, ниту, пак, да ги разберат.

XS
SM
MD
LG