Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните наскоро ќе плаќаат поскапа вода


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Од јануари граѓаните плаќаат поскап дизел, а наскоро ќе плаќаат и поскапа вода, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека ова е втор шок по зголемувањето на акцизата за дизелот од 3,5 денари.

„СДСМ 8 месеци е на власт во Република Македонија, а во државата не е отворена ниту една странска фабрика, државата се задолжи за повеќе од 1 милијарда и 300 милиони евра, а на повидок се нови и покачени даноци, мерките за субвенционирање на вработувањето станаа мисловен поим, а секојдневно имаме масовни отпуштања на луѓе од работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека СДСМ наместо живот донесе беда, оти своето време го троши на антидржавни договори и неуставни закони, а исто така и дека трошоците на живот се пораснати за 1,4 отсто, а цените на мало за 3,2 отсто, што директно влијае на намалување на стандардот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Економијата стагнира, а во третиот квартал растот е само 0.2%, без изглед за приближување до ветените 5% раст“, велат од партијата.

XS
SM
MD
LG