Достапни линкови

Турција: 14 загинати војници и припадници ССА во Африн


Борци на Слободната сириска армија поддржана од Турција.

Тројца турски војници се загинати и 11 припадници на Слободнта сириска армија (ССА), а вкупно 130 се ранети од почетокот на турската операција во сирискиот град Африн, изјави денеска турскиот министер за здравство Ахмед Деморџан откако ги посети хоспитализираните војници.

Тој истакна дека ниту еден од ранетите не е во критична состојба, додавајќи дека во регионот е испратен дополнителен медицински персонал.

На 20 јануари турските сили ја почнаа операцијата против курдските Сили за заштита на народот во реонот на сирискиот град Африн, каде живеат околу 1,5 милиони сириски курди.

XS
SM
MD
LG