Достапни линкови

Трамп се закани дека ќе ја прекине помошта за Палестинците


американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја повлече помошта за Палестинците ако тие не се залагаат за мир со Израел. Трамп, говорејќи по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Светскиот економски форум во Давос, рече дека Палестинците не ги испочитувале САД со одбивањето да се сретнат со потпретседателот Мајк Пенс за време на неговата неодамнешна посета. Големи пари се на маса, но тие нема да ги добијат се додека не седнат и ги продолжат мировните преговори, додаде тој.

Од друга страна, главниот палестински преговарач Саеб Ерекат изјави дека американскиот план за повлекување на помошта нема да ги натера Палестинците да капитулираат пред израелските и американските барања на мировните разговори. Претседателот Трамп може да купи многу работи со неговите пари, но не може да го купи достоинството на нашата нација, нагласи Ерекат.

XS
SM
MD
LG