Достапни линкови

Катругалос: Првиот чекор се направи со преименувањатa


Со преименувањата се прави првиот чекор, односно во пракса се применуваат изјавите за добра намера и волја за справување со иредентизмот, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Како што јавува МИА, Катругалос на денешниот брифинг со новинарите не сакал во детали да го коментира прашањето за името, ниту пак преговорите, изјавувајќи дека е тоа во надлежност на министерот за надворешни работи. Сепак, за одредени теми го изразил својот став. Според него, радикалните гласови и од двете страни не сакаат решение, но потребно е да се најде решение кое ќе биде во корист и интерес и на Скопје и на Атина.

“Она што сакавме од другата страна, беше потврда на нејзините намери да премине кон суштински разговори. Односно во пракса да ги примени изјавите за добри намери во справување со иредентизмот. Се направи првиот чекор, не и последен, кажа Катругалос,” пренесува МИА.

Алтернативниот министер за надворешни работи ја изрази и желбата на грчката Влада да ги затвори сите проблеми со кои земјата се соочува во изминатите години, како во внатрешната, така и во надворешната политика.

XS
SM
MD
LG