Достапни линкови

Борисов: ЕУ треба да го интегрира Западниот Балкан


Потребно е Европската унија да ја исправи неправдата нанесена на Западниот Балкан и да ги интегрира балканските земји, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос.

“Државите од Западниот Балкан прават се што е потребно и се што е во рамките на нивните сили да одговорат на очекувањата од нив, а ние, нивните соседи, исто така треба да направиме се што можеме за да ја забрзаме нивната интеграција,” изјави Борисов.

Бугарскиот премиер додаде дека сега, пред приемот на балканските земји во НАТО и ЕУ, е најпогодниот момент за изградба на нова транспортна, енергетска и еко-инфраструктура во регионот.

Борисов на Форумот во Давос ги претстави приоритетите на Бугарија за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.


XS
SM
MD
LG