Достапни линкови

Германија бара расправа во НАТО за турската операција во Сирија


Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска побара НАТО да отвори дискусија за турската воена операција во северната сириска област Африн.

“Побарав од генералниот секретар на НАТО да организира дискусија за состојбата во Сирија и во северна Сирија,” изјави Габриел.

Армијата на Турција, која е членка на НАТО, во саботата започна операција во северна Сирија за потиснување на Силите за заштита на народот на сириските Курди од деловите допж границата меѓу двете земји, со цел да создаде безбедносен кордон 30-на километри на сириска територија.

По значителниот број жртви, САД, Русија и низа членки на НАТО побраа од Турција да ја запре операцијата во Сирија, наречена „Маслиново гранче“.

XS
SM
MD
LG