Достапни линкови

САД не се загрижени поради падот на доларот


Соединетите Држави краткорочно не се загрижени поради ниската вредност на доларот, рече денеска американскиот министерза финансии Стивен Мнучин на Светскиот економски форум во Давос. Таквата ниска вредност има свои предности и недостатоци изјави Мнучин пред новинарите и додаде дека краткорочната вредност на доларот зависи од многу фактори на еден ликвиден пазар.

„Не сме загрижени за вредноста на доларот краткорочно, се работи за многу ликвиден пазар и ние веруваме во слободниот девизен курс,“ изјави Мнучин.

Со оваа изјава тој ја ублажи вчерашната во која посочи дека слабиот долар е многу добар за трговијата и за САД. Таквата изјава предизвика голема распродажба на доларот, по што еврото го достигна тригодишниот максимум во однос на доларот.

Според министерот Мнучин, долгорочно вредноста на американската валута ќе зависи од силата на стопанството.

XS
SM
MD
LG