Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави средбата меѓу Заев и Ципрас


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение ја поздравува средбата меѓу премиерите на Република Македонија и Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, оценувајќи дека директните контакти на двајцата премиери може да придонесат за продлабочување на односите и градење на позитивна клима меѓу двете земји.

Од партијата велат дека во овој момент ВМРО-ДПМНЕ нема никаква информација за процесот на преговори околу проблемот кој што соседна Грција го има со нашето име и како што наведуваат, не знаат дали најавите на Зоран Заев за преименување на аеродромот и автопатот се дел од некоја поширока стратегија за која што јавноста не е информирана или пак станува збор за едностран чекор на актуелната Влада на Република Македонија.

„Доколку е во прашање некаква стратегија, граѓаните очекуваат да бидат информирани за придобивките, а доколку станува збор за второто легитимна е загриженоста дека земјава прави еднострани отстапки, а не добива ништо, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не гледаат иредентизам во имињата на аеродромот и автопатот, кои премиерот Заев најави дека ќе ги менува.

XS
SM
MD
LG