Достапни линкови

Реализирани над 97 проценти од планираните приходи во ланскиот буџет


Архива: Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Даночните приходи во Македонија се реализирани со над 84 проценти и изнесуваат 1,430 милијарди денари, соопшти Министерство за финансии. Кај персоналниот данок на доход има натфрлање за 0,14 проценти во однос на предвиденото со ребалансот на Буџетот за 2017 година.

Приходи по овој основ се прибрани во износ од над 15 милијарди денари. ДДВ нето износот изнесува над 47 милијарди денари и е реализиран со над 97 проценти, а бруто износот е 68,532 милијарди денари.

Од акцизи во Буџетот се прибрани над 23 милијарди денари или 98,95 проценти од планираното од увозни давачки 5,174 милијарди денари или 101,29 проценти од планираното.

Расходите се реализирани со над 96 проценти и изнесуваат нас 196 милијарди денари. Капиталните расходите се реализирани со над 83 проценти од планираното и изнесуваат над 19 милијарди денари.

Дефицитот е реализиран во износ од 19,896 милијарди денари и е реализиран со 91 процент во однос на ребалансот.

XS
SM
MD
LG