Достапни линкови

Жбогар: Средбата Заев-Ципрас е темел за подобро разбирање


Архива: Еврокомесарот Самуел Жбогар.

Во изминативе неколку месеци владите на Република Македонија и Република Грција навистина воспоставија многу интензивен дијалог, со цел да можат да креираат атмосфера која ќе придонесе кон наоѓање на решение и изгледа дека вчерашната средба меѓу двајцата премиери е темел за подобро разбирање што ќе биде добро не само за двете земји, туку и за целиот регион и за цела Европа, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тој додаде дека средбата на пемиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е добра вест затоа што само преку дијалог може да се решаваат проблемите и отворените прашања. На прашањето дали го дели оптимизмот дека проблемот ќе се реши до јули и Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ, Жбогар рече дека треба да се верува во оптимизмот на премиерите и владите на двете земји, најавувајќи дека следните шест месеци ќе бидат многу интензивни на релација ЕУ и Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG