Достапни линкови

Земјотрес од 6,2 степени го погоди рускиот источен брег


Архива: Поглед на градот Петропавловск на Полуостровот Камчатка.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала го погоди источниот брег на Русија, соопшти денеска Геолошкото истражување на САД. Оттаму наведуваат дека епицентарот на земјотресот бил на 38 километри североисточно од градот Николскоје на Островот Беринг кај Полуостровот Камчатка, на длабочина од 8,8 километри.

Руската новинска агенција РИА цитираше официјални претставници како велат дека немало извештаи за жртви или сериозни штети и оти немало закана за цунами.

XS
SM
MD
LG