Достапни линкови

Преговори во Виена за политичко решениe на сирискиот конфликт


Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Сефан де Мистура.

Преговарачите денеска треба да се сретнат во Виена за деветтата рунда разговори на ОН, со цел да се најде политичко решение за скоро седумгодишната војна во Сирија.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Сефан де Мистура вчера изјави дека дводневните разговори, во кои се вклучени „целосни“ владини и опозициски делегации, доаѓаат во многу критичен момент.

Де Мистура треба да одржи одделни разговори со делегациите, кои треба да бидат фокусирани на уставните прашања, откако претходната рунда разговори минатата недела во Женева заврши без напредок.

Специјалниот претставник на ОН најголем дел од вината за неуспехот ја префрли кон Владата на претседателот Башар ал-Асад, за која рече дека барала опозициските групи да ја прифатат можноста Асад да има улога за време на политичката транзиција во земјата.

Следните два дена ќе бидат „вистински тест за сите страни“, изјави Наср ал-Харири од Сириската национална коалиција – главната прозападна опозициска група.

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дриан средбата во Виена ја опиша како „последна надеж“ за постигнување политичко решение во Сирија, каде во војната загинаа стотици луѓе, откако започна со остри мерки против протестите во 2011 година.

XS
SM
MD
LG