Достапни линкови

Изгласана доверба на бугарската Влада


Архива: Бугарскиот премиер Бојко Борисов во Парламентот.

Парламентот на Бугарија денеска го отфрли гласањето за недоверба на Владата, откако барањето за гласање за недоверба го поднесоа опозициските социјалисти поради, како што наведоа, недостиг на напредок во борбата против корупцијата во државата.

Во 240-члениот Парламент за недоверба гласаа 103 пратеници, додека против се изјаснија 131 пратеник. Бугарската Влада во моментов е претседавач со Европската унија.

XS
SM
MD
LG