Достапни линкови

Во пожар во Тетово загинаа мајка и четири деца


Куќата во Тетово која била зафатена од пожар, во кој мајка и четири малолетни деца најверојатно се жртви.

Мајка и четири малолетни деца најверојатно се жртви на пожар кој се случил утрово околу 3 часот и 30 минути, кога се запалила куќата во Тетово, велат соседи и членови на семејството.

Мајката била на возраст од 39 години, а децата од четири до 13 години, три машки и едно женско. Сопругот и татко бил ноќен чувар и не бил во домот кога се случил пожарот.

Во моментот јавен обвинител, лекар од судска медицина и екипа на СВР Тетово вршат увид на лице место. Командирот од тетовската протипожарна единица Ука Алити информираше дека пријавата за пожарот кај нив пристигнала во 4 часот и 15 минути, по што противпожарната единица интервенирала, а од пламените јазици биле зафатени три куќи.

Од противпожарната единица исто така велат дека пожарот е локализиран, но дека „во средната куќа најверојатно има жртви.“ Алити рече дека засега не се знае ниту точната причина од што избувнал пожарот.

XS
SM
MD
LG