Достапни линкови

Земан или Драгош, Исток или Запад?


Научник против Земан на претседателските избори во Чешка
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Научник против Земан на претседателските избори во Чешка

Чешкиот претседател Милош Земан е во трка за уште пет години во Прашкиот замок. Неговиот противкандидат Јиржи Драгош предупредува дека тој може да ја повлече земјата кон Исток.

Чешкиот претседателски кандидат Јиржи Драгош деновиве топло беше примен кога пристигна во малиот град Клатови, во јужниот дел на Бохемија. Драгош е професор по хемија и поранешен претседател на Чешката академија на науките.

На гласачи тој им ветува достоинствен стил и смирено, рационално донесување одлуки.

Според него, овие избори претставуваат и своевидно одредување на местото на неговата земја во светот.

Јас сигурно не гледам на Исток. Гледам на Запад. Ние славиме 100 години од основањето на Чехословачка. Тоа беше гарантирано од западните сили, вклучувајќи ги и САД“, вели тој.

Драгош посочува дека руските тајни служби имаат интерес да го видат актуелниот претседател Милош Земан, реизбран за претседател.

Тој ги предупреди гласачите да се подготват на бараж тестови и лажни вести.

Драгош веќе беше принуден да ги негира интернет приказните во кои се наведува дека е масон, педофил или поранешен комунистички агент.

„Русија се вмеша, според американските тајни служби, во американските избори и во изборите во Франција и Германија. Не може да се докаже, но секој знае за тоа.“

„Но, каков интерес ќе имаат тука во Чешка?“

„Руската безбедносна доктрина вели дека најголемиот непријател на Русија е НАТО. Ние сме членка на НАТО, па логично е“.

Чешкиот претседател Милош Земан не одржа никакви кампањи и го одби нашето барање за интервју.

Земан одржува блиски врски со Кремљ и постојано повикува на укинување на западните санкции против Русија, поради својата агресија во Украина, оценувајќи дека и штетат на чешката економија.

Кога дојде на гласање во првиот круг од изборите на 12 јануари, тој беше соочен со украинска топлес активистка која извикуваше: „Земан курва на Путин! Земан курва на Путин!“

Тој од неговите помошници беше тргнат настрана и изгредаше изнемоштен.

Следниот ден Земан дојде во партиското седиште за да прослави и да ги отфрли гласините за неговото лошо здравје.

Тој освои повеќе гласови од кој било друг кандидат, иако не беше доволно за да го избегне вториот круг против Драгош.

„Му честитам на Јиржи Драгош за убавото второ место. Сѐ уште сум млад и сè уште сум полн со сила и со енергија“.

Едно од последните церемонијални дејства на Земан како претседател пред вториот круг на гласање беше да ја отклучи комората каде што се чуваат драгоцената круна и другиот кралски накит за да можат да и бидат прикажани на јавноста.

Круната на Св. Вацлав XIV век е симбол на чешката државност, а претседателот е еден од седумте главни чувари на клучот - но единствениот кој може да реши да го изложи накитот.

Чесите сега мора да одлучат дали Земан ќе ја задржи оваа моќ - или ќе му ја предаде на неговиот противкандидат.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG