Достапни линкови

Земан и без кампања фаворит на изборите во Чешка


Чешкиот претседател Земан во трка по втор мандат
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:29 0:00

Чешкиот претседател Земан во трка по втор мандат

Чесите денеска и утре гласаат во првиот круг од претседателските избори: Според анкетите на јавното мислење, фаворит е актуелниот шеф на државата Милош Земан. Контроверзна личност, која за неговите приврзаници е политичар подготвен да предизвика со својата мудрост, додека за клеветниците популист со опасна проруска наклонетост.

Денот на победата во 2015 година. Руската војска парадира на Црвениот плоштад. Западните лидери останаа настрана поради руската агресија врз Украина. Освен оној што го скрши бојкотот.

Чешкиот претседател Милош Земан, кој беше срдечно пречекан од рускиот претседател Владимир Путин.

„Г-дине Претседателе, знаете дека не предизвикавме заладување на нашите односи со Европа. Но, се надевам дека, благодарение на политичарите како Вас, ќе можеме да ги обновиме и да продолжиме“, рече Путин.

„Ви благодарам, господине Претседателе. Знаете, политиката е како времето. Има заладување, има и затоплување исто така. Не радува ако по заладувањето дојде затоплување“, му одговори тогаш Земан.

Кога поддржувачите на Земан го прославија неговиот избор во 2013 година, веќе почна да се покажува контроверзноста околу неговите врски со Русија.

Имаше наводи дека неговата кампања делумно била финансирана од бизнисмени со врски со Кремљ. Катерина Сафарикова од списанието „Респект“ вели:

„Луѓе кои на некој начин се поврзани со Русија и со руските финансии има многу во околината на Земан. Значи мотивот, зошто сака да се дружи или дури да биде посветен или сервилен на Русија, е поради јасен скриен финансиски интерес“, вели таа.

Овие тврдења за руското влијание никогаш не се докажани, а канцеларијата на претседателот не го одобри нашето барање за интервју.

Руското прашање наскоро беше засенето кога чешки медиуми јавија дека Земан бил пијан, на една изложба на крунски накит во земјата.

Од неговиот кабинет рекоа дека тој имал вирус.

Како и да е, Земан сé уште има длабока поддршка меѓу Чесите. На митингот во 2015 година, многумина ја поздравија неговата тврда линија против прифаќањето бегалците кои доаѓаа во Европа.

„Големо мнозинство од илегалните мигранти се млади, доброухранети мажи. И прашувам: Зошто овие мажи не се борат за слободата на нивната земја против Исламската држава?, рече тогаш тој.

Поддржувачите на Земан често го гледаат како искрен политичар, кој не се плаши и да навреди со своето мислење.

Овие карактеристики се повторија во Стразбур во октомври лани, кога рече дека руската анексија на Крим е нешто што треба да го прифати Украина.

„Ако постои дијалог меѓу Русија и Украина, мислам дека ќе има можност за компензација за Крим во финансиска форма“, рече тој.

Петте години на Земан во Прашкиот замок донесоа поларзицаија. Впрочем, тој својата функција, иако во голема мера е церемонијална, ја искористи како платформа за отворен бренд на политика која предизвикува и бес и задоволство.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG