Достапни линкови

Коѕијас: Ставаме крај на иредентизмот


Шефот на грчката дипломатија Никос Козијас

Шефот на грчката дипломатија Никос Козијас по завршувањето на средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, како што јавува МИА, на Твитер оцени дека со надворешната политика, грчката влада става крај на иредентизмот. Тој и со критики до опозициската „Нова демократија“. „Со нивната инерција дозволија да се градат „иредентистички Александровци Велики“. Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот. Народот ќе види и ќе суди. Условите се создаваат со нашата активност, а не со глупави инерции“, напиша на твитер шефот на грчката дипломатија.

XS
SM
MD
LG