Достапни линкови

Автопатот Александар Велики ќе се преименува во автопат Пријателство


Премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев се сретнаа на Светскиот економски форум во Давос

Автопатот Александар Велики ќе се преименува во автопат Пријателство, а ќе се смени и името на аеродромот Александар Велики, рече премиерот Зоран Заев по повеќе од двочасовната средба со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос. Ние немаме иредентистички аспирации кон нашиот сосед, рече Заев.

Ципрас, пак, рече дека ќе ги поддржи процедурите кои грчката влада претходно ги суспендираше – кандидатурата на Македонија во Јадранско-јонската иницијатива и промоцијата на ратификацијата на втората фаза од договорот за стабилизација и асоцијација во грчкиот парламент.

Ципрас рече дека бараат решение за името „ерга омнес“, односно за сите употреби. Според него, примарна е борбата против иредентизмот и гаранции дека нема да се остави простор за слични проблеми во иднина.

„Двајцата сакаме да ги решиме нашите разлики со прагматизам и одговорност“, рече тој.

Двајцата премиери нагласија дека се согласиле да го интензивираат процесот во ОН за наоаѓање решение за спорот за името.

XS
SM
MD
LG