Достапни линкови

Сè уште трае средбата Заев-Ципрас


Средба Заев-Ципрас во Давос
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:25 0:00

Средба Заев-Ципрас во Давос

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас попладнево на маргините на Светскиот економски форум во Давос околу 16 часот ја почнаа својата прва директна средба, на која се очекува да бидат разгледани прашања поврзани со процесот за решавање на спорот со името.

Двајцата премиери најпрво имаа тет-а-тет средба, а потоа на неа се приклучија и шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Ова е прва директна средба меѓу премиерите на двете држави, откако се смени власта во Македонија и по неодамнешното обновување на преговорите за решавање на спорот со името.

XS
SM
MD
LG