Достапни линкови

Штрајкот на затворските чувари ги блокира затворите во Франција


Илустрација

Штрајкот на затворските чувари во Франција блокираше 119 затвори во земјата. Тие бараат подобри услови за работа. Ситуацијата дополнително се влошила во 45 затвори, кога чуварите ги блокирале влезовите, изјави портпаролот на казнените установи. Преговорите меѓу Министерството за правда и синдикатот на затворските чувари завршија со неуспех минатиот вторник.

Затворските чувари, покрај отворањето нови работни места кои ги вети владата, бараат и повисоки плати и поголеми мерки за безбедност, особено кога се работи за радикализираните затвореници. Властите соопштија дека минатата година се регистрирани четири илјади напади врз затворските чувари, што беше еден од поводите за штрајк.

XS
SM
MD
LG