Достапни линкови

Исламската држава нападна хуманитарна организација во Авганистан


Експлозија пред седиштето на организација „Спасете ги децата“ во Џалалабад

Милитантите на Исламската држава изутрината ги нападнаа канцелариите на меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“ (Save the Children) во Џалалабад во источен Авганистан, при што биле убиени двајца, а 12 луѓе биле ранети. Организацијата со седиште во Лондон соопшти дека поради тоа, „времено ги запира“ сите програми во Авганистан и ги затвора канцелариите во земјата.

Бомбаш самоубиец утринава го детонирал автомобилот-бомба пред провинциската канцеларија на организацијата во Џалалабад. Група вооружени луѓе потоа упаднале во објектот, по што уследила престрелка со безбедносните сили. Најмалку 46 луѓе биле спасени, велат регионалните власти. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG