Достапни линкови

Меркел: Изолационизмот не е решение за предизвиците


Германската канцеларка Ангела Меркел во Давос.

Во своето обраќање пред Светскиот економски форум во Давос германската канцеларка Ангела Меркел денеска рече дека изолационизмот и протекционизмот не се решенија за предизвиците со кои се соочуваат земјите од целиот свет.

„Веруваме дека изолационизмот нема да не однесе напред. Веруваме дека мораме да соработуваме, дека протекционизмот не е одговор“, рече Меркел.

Повеќе од 60 шефови на држави и влади, како и стотици бизнис лидери, академици, претставници на граѓанското општество се состануваат четири дена во Давос, Швајцарија.

XS
SM
MD
LG