Достапни линкови

Судењето за „ТНТ“ ќе продолжи на 9 февруари


Архива: Миле Јанакиески на судење за „ТНТ.“

Судењето за случајот на СЈО „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски ќе продолжи на 9 февруари, но претходно одбраната треба да ги преземе сите доказни материјали доставени од СЈО, како што посочија обвинителите, 26 аудио снимки од телефонски разговори, 50 смс пораки и едно вештачење.

Одбраната претходно бараше да биде одложено нејзиното воведно обраќање додека не ги добие материјалите од судот, но Судскиот совет го одби тоа по што адвокатите се согласија да дадат воведен говор што ќе биде дополнет откако ќе им бидат доставени сите докази.

Одбраната истакна дека ќе докажат оти ниту еден од обвинетите не го сторил делото за кое се товари и дека тоа не постои, тврдејќи дека ќе докажат и оти градбата на „Космос“ била надвор од градежните процеси и како таква морала да биде урната.

Сите седуммина обвинети, меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, се изјаснија како невини на денешното прво рочиште за во предметот „ТНТ“.

XS
SM
MD
LG