Достапни линкови

Катрагулос: Владата ќе бара решение за името без оглед на политичката цена


Медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Васко Намовски и Адемантиос Василакис

Грчката Влада ќе бара решение за спорот за името без оглед на политичката цена, доколку за тоа има подготвеност и кај другата страна бидејќи за танго се потребни двајца, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос пред пратениците во грчкиот Парламент.

Тој ја обвини опозициската Нова демократија за политичка неодговорност, лажен патриотизам и ширење национализам, посочувајќи дека лидерите на партијата јавно имаат признаено дека се согласиле за сложено име во кое би бил содржан терминот Македонија.

Катрагулос повтори дека Владата ја застапува позицијата за сложено име за севкупна употреба што би оневозможило каква било форма на иредентизам.

XS
SM
MD
LG