Достапни линкови

Захариева: Во Западен Балкан има силно влијание на странски фактори


Архива: Знамињата на Бугарија и ЕУ.

Западен Балкан е најважен приоритет на шестмесечното претседателство со ЕУ, потврди бугарската министерка за надворешни работи Екатарина Захариева наведувајќи дека цврство веруваат оти нема стабилност ниту безбедност во Европа без стабилност и безбедност на Западен Балкан.

Таа предупреди дека на Западен Балкан постојат странски фактори кои имаат силно влијание врз некои земји, но оти одговорноста за тоа ја има ЕУ бидејќи, како што вели, не била доволно ангажирана во регионот.

„Постои влијание. Тоа е наша вина, ние не сме доволно присутни и доволно ангажирани во земјите од Западен Балкан. Доколку нас не нема, тогаш е присутен и има силно влијание некој друг, кој не е дел од нашето европско семејство, ниту е дел од НАТО, изјави Захариева во обраќање на надворешнополитичкиот комитет на Европскиот парламент.

Таа истакна дека бугарското претседателство е охрабрено од текот на преговорите меѓу Македонија и Грција, чиј резултат би овозможил отворање на пристапни преговори меѓу Брисел и Скопје.

XS
SM
MD
LG