Достапни линкови

Трамп во Давос ќе се сретне со Меј и Нетанјаху


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на дводневниот престој во Давос за Светскиот економски форум ќе се сретне, меѓу другите, со британската премиерка Тереза Меј и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Притоа, како што најави неговиот советник за национална безбедност Херберт Мекмастер, ќе стане збор за Северна Кореја, Сирија, Иран, како и за ситуацијата на Блискиот Исток откако Трамп објави дека САД го признаваат Ерусалим за главен град на Израел. Трамп утре ќе допатува во Давос, а на 26 јануари ќе има обраќање на Форумот по што заминува за Вашингтон.

XS
SM
MD
LG