Достапни линкови

Ердоган разговарал со Путин за офанзивата во Сирија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на состанок на Советот за национална безбедност, Анкара, 23.01.2018.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал за турската офанзива во северозападниот дел на Сирија со рускиот претседател Владимир Путин. Претходно, како што јави турската новинска агенција Анадолу, Ердоган за ова прашање разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон. Агенцијата Ројтерс пак најави дека наскоро американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара со Ердоган за турската офанзива која почна пред неколку денови. Вашингтон побара од Анкара да покаже воздржаност откако турската војска ги нападна позициите на Курдите кои им се сојузници на САД во борбата против милитантите на Исламската држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG