Достапни линкови

Захариева: Охрабрени сме од сигналите на Македонија и на Грција за името


Посредникот во спорот за името Метју Нимиц и преговарачите од Македонија и од Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис

Ние сите сме многу охрабрени од сигналите кои ги слушаме од Македонија и Грција во врска со преговорите за спорот за името, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева додека ги презентираше приоритетите на Бугарија за време на претседавањето на земјата со ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

„Мислам дека е многу реално преговорите (со Македонија) да започнат за време на претседавањето и секако да го видиме извештајот во кој ќе биде вклучен и акциониот план на реформите, кои тие го имаат, 3-6-9 и кој е поврзан со реформите во администрацијата, разузнавачката служба и судскиот систем. Ние ќе бидеме среќни и целосно ќе го поддржиме тој развој, исто и за Албанија“, рече таа.

Захариева посочи и дека 15 години немало самит за Западен Балкан и дека мора да се направи повеќе за земјите од регионот. Според неа, тоа што врз регионот се зборува дека има други влијанија одговорна е ЕУ. Според неа, ЕУ не била доволно присутна и со тоа се создал вакум.

„Доколку ние не сме присутни таму се разбира некој друг ќе биде среќен, без членство во европското семејство и во НАТО да бидат присутни таму и да имаат силно влијание“, порача Захариева.

XS
SM
MD
LG