Достапни линкови

СДСМ неделава ќе одлучи дали ќе поднесе амандмани за Законот за јазиците


Архива: Протест пред Парламент против донесувањето законот за употреба на јазиците.

Пратениците на СДСМ до крајот на неделава ќе одлучат дали ќе предложат амандмани по Законот за употреба на јаизиците. Тие велат дека укажувањата на претседателот Иванов ги добиле вчера доцна попладне и дека им треба време да ги разгледаат неговите забелешки и сугестии.

„До крајот на неделава ќе одржиме координација на која ќе одлучиме како ќе постапиме и ќе го донесеме нашиот конечен став“, изјави денеска заменик-координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за формирање работни групи за законот, Митрески вели дека опозициската партија и во минатиот период и сега, кога законот е вратен во трето читање, има можност да поднесе амандамни и низ амандманска расправа да се корегира текстот.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека формирањето на работни групи за законот за јаици не значи и учество на нивните пратеници во работата на Парламентот, но тоа ќе биде добар чекор и позитивен сигнал за политичкио дијалог во Собранието.

XS
SM
MD
LG