Достапни линкови

Димитров во Брисел на средби со претставници на ЕК и на ЕП


шефот на македонската дипломатија Никола Димитров

Евроинтегративните перспективи на Македонија во периодот што претстои ќе бидат во фокусот на средбите, кои шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ќе ги има денеска со претставници на Европската унија за време на неговата работна посета на Брисел. Предвидено е Димитров да се сретне со заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, со еврокомесарот за образование, култура, млади и спорт Тибор Наврачич и со генералниот директор за проширување Кристијан Даниелсон. Предвидени се средби и со претставници од кабинетот на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, како и со европратеници. Димитров, како што соопшти МНР, ќе ја искористи можноста да ги запознае соговорниците за постигнувањата на Македонија во имплементацијата на реформската агенда, како и за унапредувањето на добрососедските односи, во пресрет на објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за проширувањето на ЕУ во февруари, како и објавувањето на извештајот на Комисијата за напредокот на земјава, во април

XS
SM
MD
LG