Достапни линкови

Влада на РМ: Законот за јазици е демократски изгласан


Влада на Република Македонија

Владата денеска излезе со соопштение во кое го повтори ставот дека Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот на Република Македонија, и оти е изгласан во демократска и парламентарна процедура и во рамките на концептот едно општество еднакво за сите.

Претходно генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев на пресс конференција изјави дека со овој закон се надминува уставот и се влијае на карактерот на државата, загрозувајќи го суверенитетот.

"ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Владата да го повлече ова противуставно законско решение, кое е штетно за државата и граѓаните. Притоа бараме да се формираат работни групи составени од претставници на сите парламентарни групи во Собранието на Република Македонија, кои треба да работат на утврдување на потребата за носење ваков закон и отстранување на неуставните елементи на Законот за јазиците", изјави Јанушев.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да учествува во процесот на носење на овој закон во Собранието на Република Македонија, но одби да го направи тоа, со што демонстрира политичка неодговорност. Имајќи предвид дека претседателот Иванов не го потпиша указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, тој повторно ќе се најде во собраниска процедура, при што ВМРО-ДПМНЕ ќе има можност активно да интервенира преку амандмандска расправа“, се наведува во владиното соопштение на СДСМ.

XS
SM
MD
LG