Достапни линкови

Турција: Приведени 24 лица за „терористичка пропаганда“ на социјалните медиуми


Инфографска карта за слобода на интернет

Дваесет и четири лица се приведени во Турција поради „терористичка пропаганда" на социјалните медиуми, насочена против операцијата „Маслиново гранче" на турските вооружени сили во Сирија.

Во соопштение на Министерството за внатрешни работи се наведува и дека во периодот меѓу 15 и 22 јануари во рамки на борбата против терористичките организации биле извршени вкупно 1.061 операции на силите за безбедност.

Приведени се 170 осомничени лица за помагање на Курдската работничка партија (ПКК), 27 лица за поврзаност со Исламска држава, 615 осомничени за врски со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и 11 лица за врски со левичарски терористички групи.

Во меѓувреме, турските медиуми информираат дека 24 лица биле уапсени, бидејќи вршеле пропаганда против турската операција во Сирија во корист на терористичка група

XS
SM
MD
LG