Достапни линкови

Ѕанакопулос: Очекуваме напредок од средбата Заев-Ципрас


Знамиња на Грција, Македонија и Европска унија.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос изјави дека на средбата меѓу Заев и Ципрас во Давос очекуваат да се направи напредок во насока на изнаоѓање на едно взаемно прифатливо решение за прашањето за името. Тој рече дека сите важни прашања поврзани со разговорите за името и иредентизмот ќе се најдат на агендата на разговори меѓу македонскиот и грчкиот премиер в среда во Давос.

„Во изминатиот период, постоеја изјави, излагања и од двете страни и од страна на грчката влада и од страна на владата на поранешната југословенска Република Македонија кои ги менуваат, особено вторите, ги менуваат иредентистичките излагања од минатото и покажуваат една исклучително интензивна и искрена, според нашето мислење, волја за да се најде едно взаемно прифатливо решение. И токму ова ќе биде рамката во која ќе се одржи и средбата со господинот Заев на 24 јануари во Давос. Се надеваме дека за време на оваа средба ќе се постигне вистински напредок кон изнаоѓање решение“, рече Ѕанакопулос, пренесува МИА.

XS
SM
MD
LG