Достапни линкови

Од полноќ горивата поскапуваат за еден денар


Архива: Илустративна фотографија.

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Оттаму наведуваат дека со одлуката се врши зголемување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,57 односно за 1,71 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе биде 69,5 денари за литар, Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 60,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49 денари за литар.

Исто така со одлуката на РКЕ се зголемува и цената на мазутот на 29,906 денари за килограм. Причините за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,54 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,44 отсто повисокиот крус на доларот во однос на денарот.

XS
SM
MD
LG