Достапни линкови

ЗНМ: Новинарите во Македонија работат во небезбедни услови


Архива: Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Новинарите во Македонија работат во небезбедни услови, тепани, киднапирани и навредувани, а институциите не успеваат да казнат ниту еден од насилниците, соопшти ЗНМ објавувајќи извештај за состојбата на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија во 2017 година.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани посочи дека минатата година се регистрирани вкупно 18 напади на новинари, од кои 13 физички и вербални, а останатите пет се навреди, попречување при работа и уништување имот на новинари.

„Ова истражување освен политичката изразена волја на Владата и подготвеноста на новиот министер за внатрешни работи да работи со нас и да ги расветли сите случаи на напади врз новинари, друг позитивен развој не гледаме. Може да се каже дека има едно подобрување во начинот на известување на медиумите, но тоа е повеќе од тоа што престана економскиот притисок од власта, и тоа е еден позитивен сигнал, изјави Селмани.

Тој посочи дека има извесно подобрување во постапувањето на полицијата која сега брзо ги идентификува напаѓачите и покренува кривични и прекршочни пријави, меѓутоа предметите заглавуваат во Обвинителство и ниеден од насилниците не е изведен пред лицето на правдата.

XS
SM
MD
LG