Достапни линкови

Московскиот суд ја затвори клучната фондација за кампањата на Навални


Архива: Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

Судот во Москва нареди затворање на фондацијата која беше бедем на претседателската кампања на опозицискиот политичар Алексеј Навални. Окружниот суд Машчански денеска ја издаде наредбата, откако Министерството за правда на почетокот на овој месец поднесе тужба до судот да ја затвори фондацијата „Петтата сезона од годината.“

Министерството тврди дека фондацијата го прекршила законот со давање лажна адреса за нејзиното постојано административно тело. Претседателот на фондацијата Вјачеслав Гимади рече дека одлуката на судот ќе биде обжалена.

Навални, кој е гласен противник на претседателот Владимир Путин, и покрај предупредувањата повеќе од една година водеше кампања за претседателските избори на 18 март, а во декември формално беше потврдено дека ќе му биде забранета кандидатурата на изборите поради кривична пресуда, за која Навални вели дека е фабрикувана.

XS
SM
MD
LG