Достапни линкови

Средба на Пенс и Нетанјаху во Ерусалим


Средба на американскиот потпретседател Мајк Пенс и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим. 22.01.2018

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на кој му кажа дека е чест „да се биде во израелскиот главен град Ерусалим.“ Нетанјаху му се заблагодари на Пенс за „историското“ признавање на Ерусалим за главен град на Израел од страна на претседателот на САД Доналд Трамп, велејќи дека американско-израелскиот сојуз никогаш не бил посилен.

Заменик-претседателот на САД треба да се обрати во Парламентот подоцна во текот на денот. Неговата посета на Ерусалим е дел од регионалната турнеја која вклучува посети на Египет и Јордан.

Не се очекуваше Пенс да се сретне со Палестински претставници за време на неговото патување, кое доаѓа на повеќе од еден месец откако Трамп ја објави неговата одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Потегот ги разлути Палестинците кои го гледаат источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава. Израел го анектираше источен Ерусалим и го прогласи целиот град за нивен главен град – потег што не го призна меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG