Достапни линкови

Четворица загинати во пожар во хотел во Прага


Бројот на загинати во синоќешниот пожар во хотелот Јуростар Давид во центарот на Прага се искачи на четири, информира полицијата. Двајца млади странски туристи, 22-годишен Германец и 21-годишна Јужнокорејка, загинаа на лице место, додека две жени починале во болница од повредите здобиени во пожарот. Нивниот идентитет и националност сè уште не е утврден.

Уште седум лица се повредени, од кои четири тешко. Меѓу повредените има и двајца пожарникари кои при евакуацијата на туристите и гаснењето на пожарот пропаднале низ подот.

Повредените се главно гости на хотелот од Холандија, Турција и Франција.

Хотелот Јуростар Давид се наоѓа во центарот на Прага во близина на Народниот театар. Пожарот избувна синоќа, поради, според засега непотврдените информации, неисправен клима уред во приземјето, по што брзо се проширил. Пожарникарите евакуирале 34 гости и вработени.

XS
SM
MD
LG