Достапни линкови

Протест на Тврдокорните против законот за јазици, запалено знамето на ЕУ


Демонстрантите запалија знаме на ЕУ на протестот против двојазичноста во Скопје. Фото: А1он

Знамето на ЕУ беше запалено на денешниот протест на Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ и Македонските обединети сили, кои пред Собранието протестираа против законот за употреба на јазиците, јавува А1он.

Демонстрантите сметаат дека со него се воведува двојазичност, се губи македонскиот карактер на државата, но и самата држава.

Забележаа на немањето дебата по, како што рекоа, вака суштинско прашање, но и поради отсуство на интелектуалци, академици, правници, борци да го кажат својот став и да застанат во одбрана на татковината.

Со потези како овој, порачаа од протестот, се дели и она парче земја кое им останало на Македонците.

XS
SM
MD
LG