Достапни линкови

САД поддржуваат решение за две држави на Израелците и Палестинците


Американскиот потпретседател Мајк Пенс .

Соединетите Американски Држави ќе го поддржат решението за две држави за Израелците и Палестинците, ако двете страни се согласат околу ова прашање, му пенел американскиот потпретседател Мајк Пенс на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. По средбата со египетскиот претседател за време на посетата на Египет, Пенс на новинарите им изјави дека САД се длабоко посветени да го рестартираат мировниот процес на Блискиот Исток.

За време на турнејата на Пенс во регионот, тој ќе ги посети и Јордан и Израел. Турнејата доаѓа повеќе од еден месец откако претседателот Доналд Трамп ја објави својата одлука да го признае Ерусалим како главен град на Израел. Овој потег ги разлути Палестинците, кои го гледаат Ерусалим како главен град на својата идна држава.

Израел го припои Источен Ерусалим и го прогласи целиот град за главен град, потег што меѓународната заедница никогаш не го призна.

За време на посетата на регионот не е планирано Пенс да се сретне со палестинските лидери.

Во соопштението на египетските власти се наведува дека само преговори кои се засноваат на решение за две држави ќе може да го реши долготрајниот конфликт. А Египет нема да штеди напори да го поддржи тоа, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG