Достапни линкови

Амбасадата на САД ќе продолжи со издавањето визи


Сервисот за пасоши и визи во амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје ќе продолжи да работи и покрај затворањето на американската влада, соопштија од американската амбасада.

На Твитер профилот на Амбасадата во Скопје, тие објавија дека „закажаните сервиси за пасоши и визи и сервисите за итни случаи за граѓаните на САД ќе продолжат во амбасадата за време на затворањето на владата на САД. “

Делумното затворање на американските федерални служби ноќеска стапи на сила, откако сенаторите не успеаја да се договорат за буџетот.

XS
SM
MD
LG